Powered By Blogger

22. 10. 2013.

ФОТО: „Чичко Дончо„ на трибините во Ѓорче Петров

ПРВИОТ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ПОВТОРНО ВО ТАТКОВИНАТА
Мечот од 11 коло на Првата фудбалска лига во скопската населба Ѓорче Петров привлече голем интерес кај македонската фудбалска јавност. Така на трибините се појави и првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски.
Од далечната Австралија каде живее неколку децении, 75 годишниот „чичко Дончо„ допатува во Македонија за јубилејот - 20 години од првиот настап на македонската фудбалска репрезентација. Дончевски со двете управи го следеше мечот кој заврши без голови, но не и без емоции. Сега внимателно како и секогаш ќе го подготви мечот на 28 октомври на националната арена „Филип втори„ во кој за првата македонска репрезентација во Крањ настапија и четворица битолчани во стартниот тим: Стојковски, Грозданов, Канатларовски и Тони Мицевски.  

Нема коментара:

Постави коментар