Powered By Blogger

6. 10. 2013.

Пелистер лесно славеше над новајлијата од Радовиш

ТРЕТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер - Радовиш 30:21 (17:10)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Никола Вељанов и Мирче Јанов (Кавадарци)
Делегат: Васил Чавдаров (Богданци)

Пелистер:
Нкунгуа, Талевски 1, Игнов 3, Рајатовски, Блажевски 6, Димитровски 5, Чурлевски 2, Илиевски, Босеовски 2, Георгиевски 4, Дрогришки 7, Димитријевски, Нечков, Ивановски, Божиновски, Печенковски

Седмерци: 8/6
Исклучувања: 6 минути

Радовиш:
Трајковски, Василев, Конзулов 1, Марков, Илиев 4, Долдуров 2, Мијалов 2, Ѓорѓиев 6, Митев 1, Јанев 1, Николиќ 4, Ордев, Филиев, Спасов

Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути

Ракометарите на Пелистер ја забележаа третата последователна победа, откако лесно го совладаа новиот член на елитата Радовиш со 9 разлика. Екипата на Поповски бодрена од 500 љубители на ракометот, авторитетно од првата до последната минута ја покажа својата доминација над младата екипа од Радовиш. Блажевски и Димитровски одлично го отворија мечот и со голови на крилата и кружниот напаѓач, Пелистер отиде на 9:2 по само 10 минути игра. Да не беше Ѓорѓиев и неговите голови од надворешните позиции, разликата многу брзо ќе достигнеше двоцифрени бројки (12:6). До одморот серија на голови на одличниот Дрогришки, кој веќе е реалност а не само талент во овој битолски тим, го донесе Пелистер до +7. Во вториот дел принципот на цврста одбрана, интервенциите на Крис Нкуингуа и три гола на Пелистер на секој гол на Радовиш, го решија прашањето на победникот многу порано од звукот на сирената. Игнов и пак Дрогришки во 41 минута ги носат најубедливите 21:12. Гостите возвратија со серија од 4:0 преку Илиев и Ѓоргиев и дојдоа до 21:16. Но пак Пелистер ја среди одбраната и Филип Чурлевски и Босеовски ја завршија работата. До крајот шанса добија сите ракометари на Пелистер и со уште еден нов триумф, заборавен е поразот на стартот од сезоната со Тинекс Пролет во Скопје.    

Нема коментара:

Постави коментар