Powered By Blogger

6. 10. 2013.

ФОТО: Свечената ложа под „Тумбе кафе„ претесна за клуб како Пелистер

НЕВЕРОЈАТЕН ИНТЕРЕС И КАЈ ЛУЃЕТО ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ ЗА НАТПРЕВАРОТ НАД НАТПРЕВАРИТЕ ВО МАК-ФУДБАЛОТ
Мечот со Вардар е таков магнет за љубителите на фудбалот, што деновиве бројот на официјални лица, гости, фудбалски работници, клубски легенди, новинари не можеше да се изброи.
Не треба да се биде експерт да се констатира дека на Битола му треба поадекватен простор за сите поканети гости и луѓе од седмата сила кои си ја извршуваат својата должност.
Попладнево огромен беше бројот на ВИП личности кои стегаа палци за својот клуб. Од градоначалникот на Битола м-р Владимир Талески, претставници на ФФМ, бивши големи фудбалски имиња како Благој Истатов, Драган Канатларовски (кој се врати од Суботица само за „вечното дерби„), Митко Стојковски, Тони Мицевски, двете клубски управи во комплетен состав, спонзорите на Пелистер, првите луѓе на „Пелистерка„ и уште многу, многу други. 
Со посредство на директниот пренос на јавниот сервис целата држава и љубителите на фудбалот во странство можеа да видат како изгледа нашиот најголем фудбалски натпревар, кој мора да го негуваме и да го надградуваме. 

Нема коментара:

Постави коментар