Powered By Blogger

14. 10. 2013.

Во Купот предноста задоволува, во првенството Пелистер пред нови предизвици

СО ТРИУМФОТ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ, ЗЕЛЕНИТЕ ГО ЗАБОРАВИОТ ПОРАЗОТ ОД ВАРДАР И ГИ ВРАТИЈА НАСМЕВКИТЕ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Минималната победа над Работнички беше доволна инјекција за фудбалерите на Пелистер да го заборават поразот од Вардар и да се насочат на наредните предизвици во првенството. Во наредните две недели два пати гостуваат во Скопје кај новите прволигаши Македонија Ѓорче Петров и Еуромилк, а проблеми за неделниот меч главно ќе имаат во последниот ред од одбраната по црвениот картон на Христијан Драгарски против дебармаалци.
Ковачев останува единствен расположлив централен дефанзивец, а за негов партнер Бочевски ќе мора да побара или во младинската академија или да трансформира некого од другите позиции во тимот. Посебно првото полувреме со Работнички ги задоволи битолските љубители на фудбалот и Купот може од ненадеж да стане приоритетно натпреварување за битолчани, посебно ако успеат да презимат. „Мислам дека одигравме прво полувреме кое можеме да го сметаме за позитивно. Пристапот кон мечот беше вистински и резултатот дојде. Но далеку сме од полуфиналето, бидејќи за противник имаме екипа која може минимален пораз лесно и брзо да сврти во позитивен резултат. Сега Купот го оставаме на страна, бидејќи имаме две гостувања во првенството на кои се надевам дека ќе играме како против Работнички, посебно во првиот дел и дека ќе извлечеме добри резултати„ ни рече стрелецот на единствениот гол против дебармаалци, Марјан Алтипармаковски.  Бочевски денес им даде слободен ден на фудбалерите, а од утре повторно ќе бидат во стројот да ги подготват наредните предизвици. Добра вест е што капитенот Диме Ристевски тренира со екипата, но надвор е од опција да настапи на наредните средби. Неговата рекуперација се движи според очекувањата и тоа може да ги радува битолските симпатизери.

Нема коментара:

Постави коментар