Powered By Blogger

5. 10. 2013.

Канатларовски претставен во Суботица, па славеше на дебито

БИВШИОТ СЕЛЕКТОР ПРОНАЈДЕ АНГАЖМАН ВО СОСЕДНАТА СРПСКА ПРВА ЛИГА
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Канатларовски, од пред некој ден е нов шеф на стручниот штаб на српскиот прволигаш Спартак Суботица. Тој се договори со раководството на овој клуб за соработка до крајот на сезоната, со можност и за обновување на договорот, откако Спартак Суботица го отпушти Петар Курчубиќ по убедливиот пораз од Црвена Звезда (5:0).
Канатларовски по речиси двегодишна пауза, откако последен пат беше тренер на бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив, се враќа на тренерската клупа. Во меѓувреме, тој сепак не беше отсутен од фудбалските терени, со оглед дека работеше скаутинг за неколку клубови на Балканот и пошироко.Драган Канатларовски дебитираше со домашна победа против Доњи Срем со 2:1.

Нема коментара:

Постави коментар