Powered By Blogger

6. 10. 2013.

Милевски презадоволен, Бочевски жали за пропуштеното

ОФИЦИЈАЛНИТЕ СТАВОВИ НА ДВАЈЦАТА ПРЕДВОДНИЦИ, ГО ОДСЛИКУВААТ МОРАЛОТ ВО ДВАТА ТАБОРА
По завршувањето на дербито кое траеше преку 96,97 минути, анализата на двајцата тренери беше преполна со емоции.
Задоволство кај црвено-црните и тага за пропуштеното кај битолските зелени.
Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)
                Одлично го почнавме натпреварот и заслужено поведовме. Вистинска штета е што дозволивме противникот брзо да се врати во мечот. Во вториот дел двете екипи имаа свои шанси, тие ги искористија создадените, а ние немавме спортска среќа. Не знам дали оправдано ни беше поништен голот за 2:2, но жал ми е што не ја израдувавме оваа извонредна публика, која не бодреше во текот на сите 90 минути и за тоа и тоа како сме благодарни.
Благоја Милевски
(тренер на Вардар)

                Пелистер подобро го почна мечот и во првите 15 минути беше подобар и заслужено поведе. Но во продолжението мојата екипа играше подобро, заслужено израмни и подоцна го сврти резултатот. Честитки за моите фудбалери кои минаа низ тешки моменти, често беа критикувани, но се издигнаа до голема победа. Честитки и за амбиентот, за ова фантастично дерби, кое и тоа како му треба на македонскиот фудбал.

Нема коментара:

Постави коментар