30.10.2013.

Пелистер размислува за истапување од лигата

ВО КЛУБОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ ПОСТОЈАТ ОПЦИИ И ЗА РАДИКАЛНИ ОДЛУКИ ПО ПОРАЗОТ ОД РЕНОВА И НОВИТЕ ИСКЛУЧУВАЊА
Поразот од Ренова ги погоди битолчани и им ги скрати европските амбиции. Но ако до сега сите реакции беа коректни и во склоп со правилата, овој пат првите луѓе на битолчани најавуваат истапување од лигата
„Сакам да потенцирам дека ние направивме максимални обиди со сопствени средства и со еден проект кој е подржан од целиот град, да го вратиме Пелистер во самиот врв на македонскиот фудбал. Но тенденциозното судење на овој меч, што се надоврзува на судењето цела есен, а од сето тоа профитира некоја друга екипа, ја прели чашата. По кој знае кој пат сме жртви на начинот на кој се дели правдата на мечевите на Пелистер и најавувам дека повеќе вака не може. Ако на никој не им е грижа за клуб како Пелистер, ние сме подготвени да истапиме од лигата и да ги задоволиме тие кои сето ова го режираат„ изјави по мечот со Ренова спонзорот на Пелистер, Ѓорѓи Силјанов. 
Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)

            Честитки за фудбалерите на Ренова за победата. Победникот беше решен кога за пет минути останавме со двајца фудбалери помалку. Ако во првиот дел имавме свои шанси, па дури и со двајца фудбалери помалку се заканивме, подоцна немавме сили да се вратиме во мечот со една квалитетна екипа како Ренова.

Ќатип Османи
(тренер на Ренова)
           
            Мислам дека максимално го искористивме просторот, кој ни го остави противникот. Бевме интелегентни на теренот и затоа сакам да им честитам на моите фудбалери. Посебно во вториот дел, кога игравме со еден и два фудбалери повеќе, знаевме да го казниме тоа што противникот бркаше израмнување со сите сили. Честитки за организацијата и приемот на Пелистер.


1 коментар:

  1. Neznam do kade ke se odi vaka so ovie nasive sudii.Nikoj vo Makedonija neznae da sudi treba da se donesat sudii nadvor od granicite na Makedonija.Pa belkim togas ke vidime kako e da ti sudi nekoj koj sto ne ni za ednata ni za drugata ekipa.A i sepak Pelister zasluzuva da bide megu prvite 3 ekipi od Makedonskata fudbalska liga.Poslem siot toj napor sto go preziveaa vo ovie nekolku godini nanazad od menjavanje na uprava i red drugi raboti Pelister se izbori so seta taa rabota i se postavi kako edna vistinska Makedonska ekipa koja sto e dostojna za da igra i nadvor od granicite na Makedonija.

    ОдговориИзбриши