Powered By Blogger

7. 10. 2013.

ФОТО: Транспарентите на Чкембарите ултра популарни низ медиумскиот етер

ФАНТАСТИЧНИОТ НАВИВАЧКИ ДЕКОР И ИРОНИЈАТА НА ЧКЕМБАРИТЕ И НАТАМУ ТОП ТЕМА МЕЃУ НАВИВАЧИТЕ
Мечот со Вардар беше посебна инспирација за најдобрите навивачи во нашата земја. Целото утро низ Широк сокак доминираше зелената боја и се пееа навивачките песни, претпознатливи со децении наназад.
Стадионот под Тумбе кафе беше исполнет неполн час пред почетниот удар, што во нашиот фудбал е можно само во Битола. Посебен ефект врз аудиториумот и навивачкото ривалство оставија транспарентите на битолската навивачка група „Чкембари„ полни со иронија и сарказам врз нивните ривали - навивачите на Вардар. Еве дел од пораките кои испровоцираа насмевки кај многубројните приврзаници на зелената боја.




Нема коментара:

Постави коментар