Powered By Blogger

14. 4. 2013.

ЕКСКЛУЗИВНО: Градоначаникот се заложи за учество на Пелистер во СЕХА лигата

НОВ ПРЕСВРТ ВО ОБИДОТ ПЕЛИСТЕР ДА ЗАИГРА ВО РЕГИОНАЛНАТА СЕХА ЛИГА ОД СЕЗОНАТА 2013/14
На денешната прес-конференција на новиот претседател на СЕХА лигата Михајло Михајловски беше претставен проектот за новата СЕХА лига која од наредната сезона ќе биде спонзорирана од рускиот концерн Гаспром.
Договорот со оваа компанија е потпишан на четири години и до крајот на месец мај ќе бидат дефинирани сите учесници. Михајловски потврди дека најверојатно нашата земја ќе ја претставуваат два тима, плус уште два тима од Србија, Хрватска, по еден од БиХ и Црна Гора, Мешков Брест од Белорусија, Татран Прешов од Словачка и многу веројатно уште два претставници на Унгарија. Сојузот на оваа земја побара три места до управниот одбор на СЕХА лигата, но најмногу што оваа земја може да добие се два преставника. На првата седница на одборот на СЕХА лигата беше доставено писмо потпишано од градоначалникот на Битола м-р Владимир Талески во кое општина Битола се заложува за учество на Пелистер во третата по ред СЕХА лига. Имено во писмото се наведува дека во тој случај општина Битола би обезбедила спортска сала за одржување на натпреварите, соодветна подлога, рекламни паноа и финансиска помош за клубот. Со оглед на тоа што судските трошоци, патувањата и сместувањето на сите гостински мечеви се обезбедени од спонзорот Гаспром, извесно е дека на Пелистер му недостига само уште зелено светло од СЕХА лигата и веројатно најважното, компетитивен тим во оваа квалитетна лига. До крајот на месец мај ќе трае неизвесноста околу можноста Македонија да добие трет учесник во регионалната лига.    

Нема коментара:

Постави коментар