ПО ПОРАЗОТ ОД
ВАРДАР, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СО ПОБЕДА ВО СТРУМИЦА ЌЕ ОСТАНАТ ВО ПРВАТА ЛИГА
Откако загуби од Вардар на домашен терен минатото коло,
Пелистер Спорт денеска ќе ја има последната „меч-топка“ за опстанок во
прволигашкото друштво. Победа против Струмица, која одамна го има осигурано
опстанокот, ќе го официјализира местото на битолчани меѓу најдобрите и за
наредната сезона.
Избраниците на Благој Печалов викендов загубија од Вардар, но со кош-разлика која им оди во прилог и која ги става пред скопјани на табелата во Плејаут лигата во случај на ист број на бодови. Битолчани денеска ќе го одиграат својот последен натпревар во лигата за опстанок и доколку победат против Струмица, ќе го осигураат второто место на табелата кое ги остава во лигата. Во случај Струмица да победи денеска, тогаш за опстанокот ќе одлучува последниот меч помеѓу Вардар и Струмица. Екипата на Струмица, одамна го осигура опстанокот во Првата лига. Александар Калањ е предводникот на Пелистер во вториот дел од сезоната и заедно со Вукасовиќ, Балаш и Петковски, повторно се очекува да превземе најголем дел од одговорноста. Кај Струмица, Тони Грнчаров, Немања Арсиќ и Александар Јевџиќ се највпечатливи поединци, заедно со неколкумината млади кошаркари кои сигурно и на овој натпревар ќе добијат добра минутажа. На првиот одигран меѓусебен дуел сезонава, Пелистер победи во Битола во тесна завршница со 79:77. Калањ на таа средба постигна 26 поени со 16 скокови, додека Арсиќ на спротивната страна имаше 33 поени и 18 скокови. Денешниот натпревар во салата „Парк“ во Струмица е закажан да започне од 18.00 часот, а ќе го судат Клинчаров, Бошковски и Мицев.

Нема коментара:
Постави коментар