ПО ПОРАЗОТ ОД
ВАРДАР, ПОБЕДА НА ГОСТИ ВО СТРУМИЦА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДО ПРЕД НЕКОЈ МЕСЕЦ
НЕВОЗМОЖНАТА МИСИЈА НА КК ПЕЛИСТЕР
Струмица -
Пелистер 56:74 (24:23, 11:20, 12:17, 9:14)
Кошаркарите на Пелистер
спротивно од очекувањата ја совладаа Струмица во гости и го обезбедија
опстанокот во Првата лига на едно коло до крајот на плеј-аутот. Иако под голем
психолошки шок по прокоцканата шанса против Вардар, избраниците на Благој
Печалов успеаа да одиграат перфектен меч и да доминираа против Струмица во
текот на сите 40 минути.
Стартот беше изедначен и во првите 10 минути имаше дури 6 израмнувања. Играта во одбраната беше клучот на резултатското одлепување во втората четвртина. Балаш со три поени и Анакиевски со мини-серија од 4:0 го одлепија битолскиот тим на прво двоцифрено водство во 16 минута. До одморот и Калањ и Вукасовиќ влегоа во ритам и Пелистер замина на одмор со 35:43. Моментот кој требаше да се преброди беше стартот на третата четвртина и обидот Струмица преку одличниот Арсиќ да се врати во мечот. Но капитенот Петковски и повторно најефикасниот Анакиевски погодија за највисоки +14 во 26 минута. Пелистер знаеше дека е самиот свој најголем противник и дека не смее да ја повтори грешката од мечот во саботата. На 24 секунди до крајот на третата четвртина, Гоце Анакиевски погоди тројка за 47:60 на крајот на третиот период. Мечот беше во краток прекин заради натегања и притисоци, но во четвртиот период Пелистер во манир на искусна екипа не само што ја задржа предноста, туку и ја зголеми. Калањ и Сатариќ ја донесоа највисоката предност од +18 и во тој момент Струмица се откажа од можноста со пресврт да се врати во мечот. Пелистер со финалните 56:74 си обезбеди уште една сезона во елитата, без разлика на резултатот од последниот меч во плеј-аутот меѓу Вардар и Струмица. Најефикасен во битолската екипа беше Гоце Анакиевски со 17 поени, а Балаш со 14 и Калањ со 13 поени беа од голема помош. Кај струмичани Арсиќ беше прво име со 18 поени, а Јевдиќ зад него додаде 12 поени. Сега следува долг одмор и подготовка како наредната сезона Пелистер да добие ново руво со поинакви амбиции за место во мирните води на мак-кошарката.

Нема коментара:
Постави коментар