И Струмица падна
пред еуфоријата на кошаркарите на Пелистер во разигрувањето за опстанок
Пелистер -
Струмица 79:77 (19:11, 12:24, 25:19, 25:23)
Во можеби најважниот натпревар
во плеј-аутот, кошаркарите на Пелистер потврдија дека зимската пауза и доведувањето
на тројцата српски интернационалци беше полн погодок. Втора последователна
победа на избраниците на Печалов, овој пат против екипата на Струмица која два
пати ги совлада битолчани во регуларниот дел од сезоната.
Играта од надворешната линија и поените на Анакиевски, Петковски и Калањ брзо го одлепија домашниот тим (14:5). Но српскиот интернационалец Арсиќ имаше посебна мотивација и со 7 последователни поени го донесе тимот од Струмица до прво реми 25:25. Подоцна на неколку пати гостите погодуваа од втора шанса и поведоа со +4 на крајот на втората четвртина (31:35). Клучна за победата беше третата четвртина во која играта во одбрана беше главната алка на успехот. Петковски погоди со звукот на сирената, Вукасовиќ погоди со дополнително слободно фрлање и Балаш фрли тројка за фантастичен кам-бек на зелените од -7 до +3. По тројката на Грнчаров струмичани поведоа со 64:67 на 7 минути до крајот. Со оглед на тоа што гостите брзо излегоа од бонусот, Пелистер играше се повеќе на лични грешки. Така Анакиевски и Вукасовиќ со четири реализирани слободни фрлања го вратија домашниот тим во водство. Токму по тој рецепт со +3 во последните минути се влезе со серија на лични грешки и слободни фрлања на двете страни. Вукасовиќ и Калањ погодија од слободни фрлања, а Арсиќ на 6 секунди до крајот намали на 77:76. Само секунда подоцна Струмица направи лична грешка, а Калањ реализираше слободни фрлања за +3.До крајот гостите не успеаа преку Цветков да погодат тројка и Пелистер стигна до втората победа во плеј-аутот. Во победничката екипа Калањ постигна 26 поени, Анакиевски додаде 15, а по 12 имаа Петковски и Балаш. За целата стартна петорка да има двоцифрен учинок се погрижи Вукасовиќ со 10 поени. Кај Струмица Арсиќ со 33 поени беше најсветчата точка. Ако во наредното коло Пелистер го совлада Вардар во Битола и математички ќе обезбеди уште една сезона во најсилното друштво.

Нема коментара:
Постави коментар