Неверојатна
разврска на дербито од плеј-аутот во најсилната кошаркарска лига и пат кон
Втората лига за Пелистер за сметка на Вардар
Пелистер - Вардар
76:81 (18:10,23:16,14:27,21:28)
Наместо опстанок,
кошаркарите на Пелистер се наоѓаат на прагот на Втората лига, откако загубија
добиен натпревар со Вардар во спортската сала „Младост„ Вардарци славеа значајна победа во 4.коло
од Плеј-аут разигрувањето во домашната Прва лига, на гостувањето против
Пелистер во Битола со 76:81
(18:10,23:16,14:27,21:28).
Кошаркарите на Вардар по негативата од 15 поени на полувремето, сепак во извонреден ритам ги одиграа вторите 20 минути за пресврт и сосема заслужен триумф на крајот. Предводник во победата на Вардар беше Владимир Гајовиќ со 25 постигнати поени, додека по 15 постигнаа Игор Ивановиќ и Жарко Ѓуриќ, кој имаше и осум скока. Во поразениот тим на Пелистер Александар Калањ заврши со 21 постигна поен, додека Никола Вукасовиќ имаше 16 поени и четири асистенции. Слободна во ова коло, во рамките на Плеј-аут разигрувањето, беше екипата на Струмица.

Нема коментара:
Постави коментар