ПЕЛИСТЕР ГО ЧЕКААТ ДВЕ ГОСТУВАЊА, ПРВОТО НА НАЦИОНАЛНАТА
АРЕНА, КАДЕ СЛАВЕС ПРОТИВ ВАРДАР ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ
Избраниците
на Гордан Здравков имаа доволно време да ги анализираат грешките од мечот со
Брегалница и мотивирани го чекаат второто гостување на националаната арена
„Филип втори„ во Скопје во интервал од две недели.
Овој пат бодрени од „Чкембарите„ пелистерци ќе се обидат да ја продолжат добрата серија на гостувањата. Томе Китановски и Благојче Главевски се враќаат во тимот, а заради суспензија за главниот град нема да патуваат Христијан Драгарски и Благојче Марковски. На голот ќе биде младиот голман Илче Петровски кој верува во позитивен резултат против одличниот противник: „Работнички има квалитетна екипа и оваа пролет тоа го покажува. Но ние играме одлично на националната арена и оптимист сум дека ќе се вратиме непоразени. Мора да ги надополниме загубените бодови на домашен терен, а Работнички е одличен противник за надигрување„ верува Петровски. Во првите два меча оваа сезона со овој противник, се почитуваше предноста на домашниот терен. Пандовски со гол во судиското надополнување му донесе три бода на Работнички во октомври во Скопје, а скоро два месеци подоцна со голот на Благојче Главевски, пелистерци славеа под Тумбе кафе. Иако далеку е крајот на сезоната за математички комбинации, евидентно е дека на Пелистер ќе му треба макар една гостинска победа за да излезе од бараж зоната до крајот на првенството. Следуваат две гостувања во Скопје и Боговиње, каде екипата на Здравков најавува можност за изненадување.

Нема коментара:
Постави коментар