Пелистер -
Хоризонт Турново одложено
Натпреварот од 24 коло на Првата
фудбалска лига помеѓу Пелистер и второ пласираната екипа на табелата Хоризонт
Турново е одложена заради поројниот дожд кој во Битола паѓаше во текот на целиот
неделен ден.
Количината на дожд беше толку голема што топката не одскокнуваше на теренот под Тумбе кафе. Така главниот судија Дејан Јакимовски од Скопје веднаш одлучи мечот да не се игра во такви услови и наредниот термин за одигрување на овој натпревар е среда 10.04.2013 година. Така пелистерци во четири дена ќе се сретнат со двете најквалитетни екипи во лигата, најнапред со турновци в среда, па в сабота и со Вардар во Скопје. Ова е второ одлагање на меч на Пелистер оваа пролет, по одлуката на МВР мечот Пелистер - Вардар од 19 коло наместо во недела да се игра во среда.

Нема коментара:
Постави коментар