Powered By Blogger

12. 4. 2013.

Пелистер ја префрла улогата на фаворит кај вардарци

ПЕТТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА И ПОВТОРНО ПОЗИТИВНА ТЕНЗИЈА ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР ПРЕД ТРЕТОТО ГОСТУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА ОВАА СЕЗОНА ПРОТИВ ВАРДАР
Иако „вечното дерби„ е секогаш меч во кој никој не гледа на табелата или можната форма, како никогаш оваа сезона бодовите им се неопходни на двете екипи. Можеби затоа што се ближи крајот на сезоната, а двете екипи се уште не ги оствариле своите цели - титулата за Вардар и опстанокот за Пелистер.
Со скоро комплетен ростер (ќе недостига само повредениот Александар Вељановски) зелените ќе се обидат да ја поправат овогодишната статистика која вели дека само еднаш ремизирале и три пати загубиле. Напаѓачот Благојче Главевски е единствен кој постигнал гол во мрежата на црвено-црните, а токму Главевски кој се врати од повредата треба да го предводи нападот на битолчани. Најискусен во Пелистер од ваков тип на натпревари е капитенот Диме Ристевски, кој го очекува своето 14 „вечно дерби„ во кариерата. Звучи парадоксално но тој како дете на Пелистер се уште не ја почуствувал радоста на победата против Вардар, а кога го носел црвено-црниот дрес често победувал, дури бил и главен актер.
                „Неколку пати играв нерешено, но со Пелистер се уште не сум го совладал Вардар. Имам голема желба, како и цела екипа тоа да го направиме можеби уште вечерва пред целиот аудиториум. Често во ваквите мечеви победувал тој кој помалку е фаворит и ние улогата на фаворит му ја препуштаме на Вардар. Тие се тие кои мораат да слават, бидејќи се борат за титулата. Тука ја гледам нашата шанса. Да бидеме организирани, стрпливи и да ги користиме и најмалите шанси кои ќе ни се укажат. Убеден сум дека ќе ги имаме тие шанси на овој натпревар„ ни рече капитенот Ристевски. Тој е опоравен и сигурно ќе го предводи својот тим на националната арена „Филип 2„ Што се однесува до тимот, денес Здравков го имаше последниот тренинг пред мечот и со враќањето на Лазаревски по два меча неиграње заради црвениот картона на „Кукуш„ може да го изведе својот најдобар тим. 14-15 фудбалери кандидираат за стартниот тим и пелистерци најверојатно ќе извадат избалансирана и офанзивна екипа во потрага можеби и по втората победа на Пелистер сред Скопје во историјата.

Димитровски го брка Ванчо Мицевски

                Иако многу веројатно нема да настапи во стартниот тим и ќе биде џокер како мечот ќе тече, искусниот напаѓач Драган Димитровски кој застана на 107 постигнати гола го напаѓа второ пласираниот на вечната листа на стрелци во Првата македонска лига. Имено некогашниот напаѓач на Пелистер а сега тренер на кадетската екипа, Ванчо Мицевски има 108 гола за првенствени голови. Пред нив двајца е само Зоран Бошковски со 123 гола во елитата. Кој знае можеби токму со Вардар, Димитровски ќе избие на второто место на најдобри стрелци во нашата прва лига. Сите тројца голгетери имаа многу повеќе голови ако ги придодадат и оние постигнати во националниот Куп и Втората лига.

Нема коментара:

Постави коментар