ВО ПРЕСРЕТ НА МЕЧОТ СО ВАРДАР, ВО ЗЕЛЕНИОТ ТАБОР УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА СРАБОТЕНОТО И ВЕРБА ВО СВОИТЕ МОЖНОСТ
Ремито со Хоризонт Турново во битолскиот табор беше прифатено како позитивен резултат и покрај развојот на настаните. Трето реми оваа пролет за избраниците на Гордан Здравков и мал исчекор на табелата во борбата за гол прволигашки живот. Време за некои поголеми анализи нема затоа што веќе в сабота доаѓа големото дерби во Скопје со Вардар.
Пелистер кои три пати од четири натпревари оваа сезона загубија од Вардар и постигнаа само еден гол во 360 минути, логично улогата на фаворит ја префрлаат кај вардарци. „Мечот со Хоризонт Турново беше тежок и неизвесен. До последните моменти не се знаеше исходот. Ремито го прифаќаме како добар резултат и веќе работиме на мечот со Вардар. За овој меч не е потребна дополнителна мотивација и верувам дека сите фудбалери кои ќе го облечат зелениот дрес ќе го дадат максимумот за позитивен резултат„ ни рече бившиот вардарец Тони Вељановски. За гостувањето во Скопје, зелените ќе бидат во исчекување заради повредата на Ристевски кој беше заменет на мечот со Хоризонт Турново, а заради истата повреда не настапи и со Металург минатата недела. Во Битола владее огорченост заради псоледното соопштение на ФК Вардар кој не дозволи навивачите на Пелистер да патуваат за мечот в сабота на националната арена. Посебно „Чкембарите„ најавуваат жесток протест против фудбалот без навивачи, посебно ако одлуката е по иницијатива на еден клуб, а не на ФФМ или на МВР. Ако нема да биде дозволено битолската навивачка група да патува во главниот град, тогаш многу симпатизери на Пелистер инвидуално ќе набават билети за второто вечно дерби во новата година.

Нема коментара:
Постави коментар