СО НЕКОЛКУ ИЗМЕНИ ОД ТИМОТ КОЈ ИГРАШЕ НА „КУКУШ„ ЧЕТАТА НА
ГОРДАН ЗДРАВКОВ ЌЕ БРКА НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Гостувањето
кај Хоризонт Турново во неделата и освоениот бод, само ја зацврсти
самодовербата на фудбалерите на Пелистер во борбата за обезбедување опстанок во
лигата. Веќе шест последователни натпревари, зелените не знаат за пораз, а
денешното гостување кај Металург е најсилен тест на вредностите.
Без казнетите Елмазовски и Лазаревски, стручниот штаб ќе мора да пронајде адекватни замени за бековските позиции. Главевски и Кире Степановски се опоравија од повредите и не беа ризикувани во Турново, но затоа ќе добијат шанса на Автокоманда. Главевски ќе биде единствен напаѓач, а Степановски ќе го заземе местото лев бек. Зимското засилување Симеон Христов се очекува да добие можност да игра по левата страна од нападот и тој е оптимист пред ова гостување.

„Мислам
дека минуваме низ позитивен момент. Атмосферата е одлична и штета е што не
освоивме три бода од гостувањето во Турново. Но на сите пролетни натпревари
играме добро и оптимист сум во пресрет и на овој меч. Иако противникот е многу
квалитетна екипа и ние имаме свои адути да се обидеме да ги изненадиме„ ни рече
младинскиот репрезентативец кој од унгарскиот Егри во засили битолскиот
прволигаш.
Пелистер
на последните гостувања лошо минувал во Скопје кај Металург, а двата натпревари
во ова првенство ги загуби со по 1:0. Само еднаш во натпревар за бодови,
битолскиот клуб триумфирал на гостувањето во Автокоманда.
Нема коментара:
Постави коментар