БИВШИОТ РАКОМЕТАР
НА КУМАНОВО СО 10 ГОЛА ГО ПОРАЗИ СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН КЛУБ
Пелистер - Куманово 32:27 (13:11)
Пелистер - Куманово 32:27 (13:11)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)
Делегат: Драган
Начевски (Скопје)
Црвен картон:
Георгиевски (Куманово)
Пелистер:
Тоскоски,
Божиновски, Костовски 2, Димитровски 3, Мемиќ, Ангелевски 10, Дрогришки 6,
Илиевски, Чурлевски 1, Вешовски 4, Митевски 1, Вељановски 5, Н. Ивановски,
Талевски, Нечков, Ф. Кузмановски
Седмерци: 7/7
Исклучувања: 4
минути
Куманово:
Арсовски, Спасиќ,
Трајчевски, Блажевски 9, Несторовски 1, Тасевски 3, Екиновиќ 3, Д. Кузмановски,
Д. Ивановски, Трајковски 3, Јордановски, Денковски, Димитровски 3, Георгиевски
5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути
Мечот домашната екипа го почна
со комотни 6:2 со добар влез на Ангелевски. Но кумановчани реагираа и со серија
4:0 преку Георгиевски израмнија. 10-12 минути се играше поцврсто во одбраната и
во игра гол за гол дојде се до финишот. Тогаш Вељановски и Ангелевски го
донесоа минималното водство од 13:11 на одмор. Целото второ полувреме се играше
со постојано водство на битолчани, без опасност за пресврт. Посебно тешко им
беше на гостите од Куманово по црвениот картон на Георгиевски во 41 минута
заради удар на топката по судиска одлука. Од тој момент Ангелевски ја наполни
гостинската мрежа, одличен беше и Вељановски, а Божиновски на голот собра
двоцифрен број на голови. Очекувана победа од 32:27 на екипата на Кире Поповски
пред двата натпревари со Вардар Про во шампионатот и Купот овој викенд во
Скопје.
Нема коментара:
Постави коментар