МАКЕДОНСКАТА
КОЛОНИЈА ВО КОНСТАНЦА ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА ВО РОМАНСКАТА ЛИГА СО ПОБЕДА НАД
ДИРЕКТНИОТ КОНКУРЕНТ
Со победата на
домашен терен против конкурентот Бакау со 30:25, екипата на Констанца предводена
од македонскиот тренер Звонко Шундовски и репрезентативецот Бранислав Ангеловски
повторно стана првак на Романија. Имено оваа екипа, која играше и во групната
фаза од Лигата на шампионите на убедлив начин на две кола до крајот на
шампионатот и математички ги разреши дилемите за титулата и како и минатата
сезона стана најуспешна романска екипа.
Ангеловски во последниот натпревар вгради 5 постигнати гола и стигна до третата последователна титула во романската лига. Претходно беше првак и со Пелистер и со Вардар и со хрватски Загреб. За Шундовски уште едно големо признание по репрезентативните успеси. Имено неговата титула во Констанца во првата сезона е трета во неговата кариера по освоените со Пелистер во 2004/05 и Металург 2007/08. Тој е единствен македонски тренер кој станал национален првак со три различни екипи. Од наредната година Шундовски и Ангеловски кои имаат договор со овој клуб, ќе се обидат пак да влезат во групната фаза на Лигата на шампионите.

Нема коментара:
Постави коментар