Powered By Blogger

1. 4. 2013.

Зошто Ставрев го смени „чипот„?

ОД ТАБОРОТ НА БИТОЛЧАНИ ВЕРУВААТ ДЕКА НАШИОТ НАЈДОБАР СУДИЈА НЕ СУДЕШЕ СО ИСТ КРИТЕРИУМ ВО ТЕКОТ НА ДВЕТЕ ПОЛУВРЕМИЊА
Иако шест последователни мечеви немаат пораз од битолски Пелистер на бодот од „Кукуш„ во Турново не гледаат најпозитивно заради чудната смена на критериумот на нашиот најдобар судија Александар Ставрев. Затоа бордот на директор на Пелистер веднаш одржа итен состанок по кој се огласи за начинот на кој се преобрази арбитражата на судијата во кој сите имаат доверба.
Имено 55,56 минути беше задоволство да се следи начинот на кој се дели правдата од човекот кој делуваше како оној Ставрев од Барселона, Торино, Москва. Но кога во едно полувреме, судиското свирче се слуша 7-8 пати и има само еден жолт картон, тогаш чуди што во вториот дел се случија еден мал милион работи кои според битолчани ги предизвика токму Ставрев. „Чашата„ ја прели пеналот за Хоризонт Турново, кој според битолчани не само што е непостоечки, спорен или двојбен, туку е смешен. За неверување е како Ставрев една ситуација ја преобрази во пенал за турновци и исклучување за Лазаревски заради приговор. Како последица на тоа Пелистер ја загуби предноста и својот лев бек за најмалку два натпревари. Затоа управата на Пелистер реагира на начинот на кој Ставрев и неговите (не) асистенти (не) си ја завршија работата како што треба.
                Време за поголема реконструкција кој знае дали ќе има, иако ТВ снимката може многу работи да расчисти. Причината заради која зелените од под Тумбе кафе мора да свртат нов лист е натрупаниот календар кој нуди уште две кола до крајот на оваа недела. А и кога последен пат се обидоа да ја истуркаат правдата на виделина, од битолскиот прволигаш останаа еден месец без победа, по поразот во Скопје од Вардар на кој му кумуваа безброј „зачини од кујната на Бартон„ Затоа и без суспендираните Елмазовски и Лазаревски, четата на Здравков од гостувањето кај Металург ќе ја започна последната третина од шампионатот во борбата за опстанок. А до крајот веруваат дека ќе нема нова првоаприлска шега, која предвреме им ја приреди Ставрев во неделата на „Кукуш„ 

Нема коментара:

Постави коментар