Powered By Blogger

5. 4. 2013.

Битолчани тренираат самоодбрана

ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ, ЃУРО ИЛИЌ, ОРГАНИЗИРА НОВ ВО БИТОЛА
 Во просториите на Федерација за реален аикидо во Битола започнува курсот за самоодбрана, а предавач на курсот ќе биде мајсторот за реален аикидо и член на Европската куќа на славните, Ѓуро Илиќ Ваквите курсеви за самоодбрана се вистински хит во светот, а кај нас во Македонија и во Битола се организираат првпат.
Мене ми е особено мило што ова првпат се прави за битолчани, бидејќи јас сум предавал на многу вакви курсеви во балканските земји. На првиот курс ќе има околу педесетина посетители, бидејќи толку се им просторните можности, а потоа ќе има и други продолженија. Курсот ќе биде забрзан, ќе трае еден месец и ќе се одржат десет сесии, односно практични тренинзи. Учесниците не мора да имаат претходни познавања од боречките вештини, а исто така и возраста не е ограничена, како и полот вели Илиќ. Што се однесува пак до успешноста на курсот, Илиќ вели дека вештините кои се предвидени да се стекнат се постигнуваат и дека голем е процентот на оние кои го поминале овој курс и побарале нареден курс. Инаку, Ѓуро Илиќ е член на куќата на славните, а тоа голема чест за него, бидејќи таму се славните Џак Норид, Џеки Чен, Љубомир Врачаревиќ и други, а со овој спорт се занимава 40 години. Годинава Илиќ треба да одржи предавања и семинари во сите балкански земји, Турција, Австрија, Америка но како вели поради обврските тешко е дека ќе може да стигне секаде.

Нема коментара:

Постави коментар