Powered By Blogger

8. 4. 2013.

Главевски - адут повеќе за пелистерци

ОПОРАВУВАЊЕТО НА ГОЛГЕТЕРОТ ГЛАВЕВСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
Одлагањето на натпреварот со Хоризонт Турново во битолскиот табор го прифатија како нормална одлука по поројниот дожд во Битола кој драматично го доведе под знак прашалник мечот и во среда. Имено повеќе од 24 часа паѓаше дожд и управата на Пелистер ќе има многу проблеми да го оспособи тревникот за в среда.
Денес стручниот штаб на пелистерци имаше нормален тренажен процес, подготвувајќи се за мечот со второ пласираната екипа во лигата. Зелените го имаат целито ростер на располагање со исклучок на казнетиот Сашо Лазаревски, а по подолго време се очекува да заигра и Кире Степановски кој ќе настапи токму на неговото место. Тој оваа зима се врати по шест месечната одстапка во Напредок и е уште една алтернатива за одбранбениот ред. Коруновски пак ќе застане на голот, а од првата минута ќе заигра и Благојче Главевски.  
                „Минав течки два месеци во кој морав да ги пропуштам подготовките на екипата и да ја лечам повредата. Сега веќе неколку недели сум во ред, тренирам со полн интензитет и подготвен сум за натпревари. Знам дека му сум потребен на екипата и мечот со Хоризонт Турново е еден од оние во кој не смееме да загубиме бодови на нашиот терен. Јас и соиграчите сме силно мотивирани да избегаме од опасната зона и првиот чекор е победа против турновци„ ни рече Главевски.

Нема коментара:

Постави коментар