САМО РЕМИ СО
БРЕГАЛНИЦА, МЕСТО ПЛАНИРАНИТЕ ТРИ БОДА, КАКО ДОКАЗ ЗА НЕКОНСТАНТНОСТА НА
БИТОЛСКИТЕ ЗЕЛЕНИ
Победата во Скопје против Вардар како да ги опи пелистерци и по одличниот настап против шампионот, следеше најскромната партија оваа пролет под Тумбе кафе против Брегалница. Ако овој натптревар требаше да биде печат на пролетното раѓање на некој нов Пелистер, направен е чекор назад.
Неиграњето на напаѓачот кој постигна најмногу голови оваа сезона Благојче Главевски заради повреда и на Томе Китановски заради акумулација на жолти картони и тоа како се почувствува. Играта на зелените беше бавна, неагресивна, предвидлива. Сепак треба да се има на ум и одличната тактичка поставеност на штипјани кои дојдоа по бод и ја остварија целта во Битола. Веќе два тренинга фудбалерите на Здравков ги анализираат грешките и пристапот на последниот натпревар. Ако цела есен зелените не успеаа да освојат повеќе од еден бод надвор од својот терен, оваа пролет Пелистер игра помалку оптеретено и поефективно во гости одколку во Битола. Следуваат две гостувања кај Работнички и Дрита, од кои Пелистер ќе се обиде да надомести што пропушти во Битола каде во вториот дел од шампионатот три пати играше нерешено со Вардар, Хоризонт Турново и Брегалница. Против дебармаалци Здравков нема да може да смета на Христијан Драгарски и Благојче Марковски, кои скапо го платија жолтиот картон против штипјани во неделата и нема да играат на националната арена Филип Втори. Во есенскиот дел пелистерци одиграа многу позитивен меч во Скопје, кој го загубија со примен гол во судиското надополнување, одкако предходно Главевски не реализира пенал.

Нема коментара:
Постави коментар