ВО БИТОЛА СЕ
ГОТВИ НОВ СПЕКТАКЛ, ОВОЈ ПАТ ВО ДИРЕКТНАТА БОРБА ЗА ОПСТАНОК СО БРЕГАЛНИЦА
Иако битолчани
како да сакаа да нема крај оваа магична недела која следуваше по победата во
„вечното дерби„ сепак мора повторно да се игра. В недела доаѓа директниот
кокурент Брегалница, а Пелистер по подолг период има шанса да излезе од бараж
зоната. Главниот проблем за екипата на Здравков е да се „спушти на земја„
ентузијазмот и нормално да се подготви овој меч.
Денес по одржувањето на последниот тренинг пред средбата ќе биде познат составот кој ќе излезе на мегдан со штипјани. Ако се почитува овосезонската традиција, тогаш домашната екипа треба да слави со 1:0 како што беше во септември во Битола и во ноември во Штип. Јунакот од минатата сабота Илир Елмазовски како еден од најискусните верува во своите соиграчи:

„Сите сме доволно свесни дека
пред нас имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Каква вредност ќе има
победата над Вардар ако не ја потврдиме со Брегалница. Мислам дека пристапот во
средбата е многу важен в недела. Не смееме да тактизираме и да мислиме дека
головите и бодовите сами ќе пристигнат. Само ако го сватиме мечот како финале,
можеме да се надеваме дека пак ќе се радуваме„ ни рече Елмазовски.
Во битолскиот табор нема да
настапат казнетиот Китановски и повредениот Александар Вељановски. Овој вториот
веќе тренира со екипата и веројатно ќе биде во комбинација за мечот со
Работнички во наредното коло. Се очекува шанса од првата минута да добие
Адријан Кекец, кој како стартер играше само во Турново, а в недела треба тоа да
го направи и пред битолската публика.
Нема коментара:
Постави коментар