Powered By Blogger

18. 4. 2013.

Некој нов Пелистер оваа пролет

ПО БРОЈОТ НА БОДОВИ, ОРГАНИЗИРАНОСТА И ИГРАТА, ОВАА ПРОЛЕТ ГЛЕДАМЕ ОСВЕЖЕН НОВ ПЕЛИСТЕР
Пролетните седум кола ни донесоа некој нов Пелистер. Нов во пристапот, подготовката на средбите, физичката подготвеност и пред се во резултатите. Само еден гостински пораз од Металург и тоа со примен гол во 80 минута и 9 освоени бода од можните 21 е билансот на зелените оваа пролет.
Серијата трае веќе 9 меча со само еден пораз, ако се придодадат двете средби од завршницата на есенскиот дел од шампионатот. Позитивниот впечаток се помеша со еуфорија со победата над Вардар во саботата. Тоа од една страна може да биде добро за интерпретацијата на „вечното дерби„ но и опасно за битолчани ако ги понесе еуфорија пред големата директна пресметка со Брагалница в недела под Тумбе кафе. Само со три бода против штипјани може вистински да се вреднува победата над Вардар и Пелистер има шанса за прв пат по 11 кола да излезе од бараж зоната. Но пелистерци оваа пролет под Гордан Здравков играат подопадливо на гостувањата одколку во Битола и затоа опоменуваат да се заборави мечот со Вардар и на Брегалница да му се пристапи најсериозно. Фудбалерите во средата ја добија мартовската плата и премии за позитивната мини-серија, така да со полни џебови, мотивирани го чекаат неделниот меч. Заради жолтиот картон во Скопје во комбинација нема да биде Томе Китановски, кој игра во одлична форма оваа сезона. Со оглед на формата на екипата и враќањето на Главевски и Степановски после повредата, битолскиот тим треба да биде само подобар во преостанатите осум кола. Математиката е оставена на страна, но со четири домашни победи над Брегалница, Ренова, Силекс и Напредок, под Тумбе кафе треба да се игра прволигашки фудбал и наредната сезона. Од стручниот штаб апелираат на предпазливост и меч по меч до исполнување на целта. Тренерот Здравков одлично ја познава Брегалница и во неделата ја следеше во живо на националната арена „Филип втори„ во Скопје. Ентузијазмот на битолските симпатизери и навивачата груипа „Чкембари„ не стивнува и се очекува голем број гледачи в недела да го наполнат битолскиот стадион на мечот со штипјани. Дали почнаа да дуваат нови ветришта во градот под Пелистер, најбрзо можеме да кажеме по неделната директна пресметка со Брегалница.    

Нема коментара:

Постави коментар