ПО ДВА НЕРЕШЕНИ
ДУЕЛИ ВО СЕЗОНАТА, БИТОЛЧАНИ БРКААТ ПОБЕДА ПРОТИВ ИЗНЕНАДУВАЊЕТО НА СЕЗОНАТА -
ХОРИЗОНТ ТУРНОВО
По втор пат оваа
пролет фудбалерите на Пелистер се соочуваат со одлагање на првенствен меч од
недела за среда. Но ако одлагањето со Вардар беше сватено како негативно
посебно од навивачите, ова последното принудно против Хоризонт Турново сите го
одобруваат.
Поројниот дожд кој во текот на неделата паѓаше непрекинато 24 часа, не само што го одложи натпреварот, туку го поремети и тренажниот процес заради теренот полн со вода. Сепак тој ќе биде во оптимални услови за мечот со второ пласираната екипа на табелата. Со ова поместување на терминот Пелистер добива цела една недела меѓу последниот меч со Металург, да го подготви овој домашен меч, а турновци по втор пат мораат да патуваат за Битола. Сепак потоа хендикеп ќе биде што пелистерци ќе немаат многу време да го подготват „вечното дерби„ со Вардар. Но приоритет е токму денешниот меч, бидејќи фудбалерите на Здравков мора да победуваат на домашен терен, доколку го сакаат опстанокот.

„Верувам дека овој меч може да
ни го покаже патот кон нашата цел, а тоа е опстанокот во лигата. Добро работиме
на тренинзите и атмосферата е одлична и покрај последниот пораз во Скопје. Со
Хоризонт Турново одигравме одличен меч пред две недели и уште жалиме што не се
вративме со три бода од тоа гостување. Но еве распоредот брзо ни нуди шанса за
реванш и мислам дека нема да ја испуштиме понудената можност„ ни рече пред
мечот искусниот Илир Елмазовски.
Со исклучок на поцрвенетиот Сашо
Лазаревски од мечот на „Кукуш„ и повредениот Александар Вељановски, стручниот
штаб на битолчани го има целиот ростер на расплолагање.
Нема коментара:
Постави коментар