Powered By Blogger

9. 4. 2013.

Вардар Про стои на патот на пелистерци

ЖДРЕПКАТА ГО ДОНЕСЕ ВАРДАР ПРО КАКО РИВАЛ НА ПЕЛИСТЕР И ВО КУПОТ НА СТАРТОТ НА ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ПРВЕНСТВОТО
Извлечени се четирите групи од четвртфиналето во ракометниот машки Куп на Македонија (27/28.04.2013 год.). Бранителот на трофејот Вардар ПРО се наоѓа во втората група заедно со екипите на Пелистер 08, Работнички и Битола.
Неговиот најголем конкурент Металург се наоѓа во првата група заедно со составите на Струга, Вардар Полог и Тинекс Пролет. Токму во овие групи сеуште нема клуб кој пријавил за организација на групата, а тоа треба да се стори најдоцна до 16.04.2013 год. (вторник). Пријавата за организација се доставува до Комисијата за спроведување на Куп натпревари.

Согласно Бергеровиот систем играат: 1 и 4 – 2 и 3. Победниците од групите ќе се пласираат во полуфиналето.

1 група

1. РК Струга
2. РК Металург
3. РК Вардар Полог
4. РК Тинекс Пролет

2 група

1. РК Вардар Про
2. РК Пелистер 08
3. РК Работнички
4. РК Битола

3 група (организатор – РК Зомимак - Струмица)

1. РК Прилеп
2. РК Текстилец
3. РК Овче Поле
4. РК Зоминак

4 група (организатор – РК Металург Јуниор - Скопје)

1. РК Драчево
2. РК Металург Јуниор
3. РК Радовиш
4. РК Куманово

Извршен е ждребот за натпреварите во ракометната Суперлига, а очекуваните мегадуели за шампионската титула меѓу Металург и Вардар про ќе се случат во петтото и во десеттото коло. Според календарот, првиот дуел ќе се игра во „Автокоманда“ на 4 мај, во петтото коло, а сезоната ќе заврши со дуелот во СРЦ „Кале“ кога Вардар про ќе го пречека Металург.  Во првото коло од ракометната Суперлига за одбележување е мечот меѓу Вардар про и Пелистер, но тој ќе биде одложен поради настапот на „црвено-црните“ на завршниот турнир на четирите најдобри екипи од СЕХА-лигата.      

Нема коментара:

Постави коментар