Победата над Вардар ги подигна на нозе битолчани кои не
престануваат да слават
Еуфоријата
по првата победа по пет години на Пелистер на теренот на Вардар не стивнува
ниту на почетокот на новата работна недела. Пелистерци имаат заслужен втор слободен ден, а дури утре Здравков прв пат ќе одржи
тренинг како подготовка за директниот дуел со Брегалница в недела.
Градоначалникот на Битола м-р Владимир Талески организираше прием за
фудбалерите, управата и навивачите во понеделникот по повод победата во
„вечното дерби„
Првиот човек на градот најмногу ги израдува пелистерци со одлуката да префрли два милиони денари на клубската сметка за да се исплатат редовните плати и премии во овој фудбалски фрекфентен и напорен период. „Ние одиме по вистинската патека. Победата против Вардар е само еден голем импулс да ја оствариме целта која ни е зацртана за оваа сезона, тоа е опстанокот во лигата. Оваа победа не израдува сите, видовте како реагираа навивачите. Убеден сум дека ова е само почеток и на фудбалскиот и целокупно на нашиот спортски проект за Битола - спортски град. Од наредната сезона Пелистер ќе се бори за титула, а ние сме подготвени да ги исполниме сите потреби на бордот на директори зацртани со нашиот буџет за спорт и култура. Честитки и продолжете во ист стил на преостанатите осум меча до крајот на сезоната„ заврши Талески. Во името на бордот на директори Миле Димов ја пренесе атмосферата во соблекувалната. „Штом заврши натпреварот почнаа да звонат телефоните, да стигнуваат честитки, посебна благодарност до навивачите за спонтаниот дочек. Ние секогаш ги носевме во срцата, иако ним им беше забрането да не бодрат на националната арена „Филип втори„ Наша цел оваа сезона по враќањето во Првата лига беше стабилизација на клубот, а убеден сум дека сите заедно, спортската структура, стручниот штаб, фудбалерите, навивачите и подршката од акционерот Општина Битола од наредната сезона можеме да нападнеме некој од двата домашни пехари„ рече Димов. Само трет пат во официјален меч, втор по меч за бодови, Пелистер победи на „буништето„ на најлутиот ривал и оваа победа треба да значи повеќе од три бода на првенствената табела. Фудбалерите заработија премија која како и редовната плата ќе ја добијат во текот на утрешниот ден. Но триумфот нема да вреди многу ако в недела под Тумбе кафе не падне Браглница во директен дуел за опстанок. На тој меч пелистерци ќе мораат без Томе Китановски кој заради акумулација на жолти картони, ќе се врати пак на националната арена „Филип втори„ против Работнички на 27 март.

Нема коментара:
Постави коментар