Powered By Blogger

31. 7. 2013.

Пелистер организационо подготвен за новата сезона

ПРВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ПРЕД НЕДЕЛНИОТ СТАРТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО


Во пресрет на домашното деби во новиот шампионат, управата на ФК Пелистер вчера одржа прес-конференција на која беше обелоденет организациониот план за новата натпреварувачка сезона и беше претставена новата официјална веб страна на клубот.
Спортскиот директор Миле Димов потврди дека целта во новото првенство е секој меч под Тумбе кафе да биде спектакл и навивачите како во старите добри времиња да можат да уживаат во мечевите во Битола „Заедно со нашиот спонзор Пелистерка се погриживме на гледачите в недела да им биде пријатно кога ќе гледаат првенствен натпревар на нивната омилена екипа. Се обидовме да го уредиме стадионот, трибините, по подолго време донесовме и пијалоци за гледачите. Ќе бидат поставени и 4 тоалети во гледачката зона. Морам да потенцирам дека дел од приходот од влезниците на мечот со Еуромилк ќе оди во хуманитарни цели за децата од Домот за доенчиња„ потенцираше Димов. Битолчани веќе можат да ги добијат и сезонските билети за есенскиот дел од новиот шампионат, во кој Пелистер ќе има најмлад ростер во својата историја и во кој има многу големи измени од тимот кој во јуни преку бараж го обезбеди опстанокот со 10 место во Првата фудбалска лига. По подолго време Пелистер ќе има официјална веб страна која од вчера започна со работа. Таа ќе ги сублимира сите информации поврзани со клубот од Битола, а предвидени се директни преноси од домашните мечеви и продажба на официјални продукти на клубот, за кои постои голем интерес. Веб страната ќе ја уредува портпатолот на клубот Зоран Мишевски. Утре од 13 часот свое обраќање во јавноста ќе имаат фудбалерите и стручниот штаб на чело со Драган Бочевски.

Нема коментара:

Постави коментар