Powered By Blogger

15. 7. 2013.

Богдановски најуспешен, најголем ќар имаат Стојковска и Лазов

НОВ БЛЕСОК НА ЕДИНСТВЕНИОТ БИТОЛСКИ ВЕЛЕМАЈСТОР НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ШАХ
Битолскиот велемајстор (ВМ) Влатко Богдановски (2.435, 19. рангиран на турнирот) го освои 16. место на меѓународниот турнир „Спортско лето“, во Параќин, со 5,5 поени (три победи, пет ремија, еден пораз) од девет можни и е најуспешни Македонец од петтмина што настапија. Интернационалниот мајстор (ИМ) од Скопје Дејан Стојановски (2.439, 18-рангиран) заврши на 28-то место, со пет поени (три победи, четири ремија, два пораза).
ЖФМ Моника Стојковска (2.005, 87-рангирана) го освои 63-то место, со четири поени (две победи, четири ремија, три порази). Младиот Неготинец Тони Лазов (1.921, 92-рангиран) е 71-ви со 3,5 поени (две победи, три ремија, три порази), колку што имаше и Бојана Бејатовиќ (2.002, 89-рангирана), која е 75-та (две победи, три ремија, четири порази). На турнирот играа 94 шахисти од 15 држави (16 ВМ, 16 ИМ), а победи рускиот ВМ Михаил Улибин (2.529) со 7,5.  Најмногу рејтинг-поени освоија Стојковска (33,3), со перформанс на игра од 2.207 рејтинг-поени, и Лазов (32,8) и перформанс од 2.152 рејтинг-поени. Бејатовиќ освои 10 поени, со перформанс од 2.072. На Б-турнирот, во конкуренција на 136 шахисти, Драгана Николовска (1.848, 50-рангирана) го освои 45-то место, со пет поени (пет победи, четири ремија), а Слободан Цветковски (1.879, 43-рангиран) заврши на 59-то место со 4,5 поени (по четири победи и порази и едно реми).              

1 коментар:

  1. Силно би го препорачал заемот на г-дин Педро на секое лице на кое му е потребна финансиска помош и тие ќе ве држат на врвот на високите директориуми за какви било дополнителни потреби. Уште еднаш се пофалувам себе си и вашиот персонал за извонредната услуга и услуги за клиентите, бидејќи ова е голема предност за вашата компанија и пријатно искуство за заемопримачите како што сум јас. Ви посакуваме се најдобро во иднината. Господине, Педро е најдобриот начин да се добие лесен заем, тука е нивната е-пошта..   pedroloanss@gmail.com
    Ти благодарам што ми помогна со заемот уште еднаш во моето искрено срце, засекогаш сум благодарен.
    Можете да го контактирате г-дин Педро Џером за следната финансиска помош, како што се заем за дом, заем за автомобил, деловен заем, личен заем, заем за трговци, заем за SBA.

    ОдговориИзбриши