Powered By Blogger

7. 7. 2013.

Мрежите мируваа во мечот на Пелистер со Локо Пловдив

 „Пири„ Куп - Разлог (Бугарија) 1 - коло

Локомотив Пловдив - Пелистер 0:0

Стадион во Разлог (Бугарија). Гледачи: 100
Главен судија: Христо Ристосков
Асистенти: Емил Вангелов и Николај Марков (Сандански, Бугарија)
Жолти картони: Диего (Локомотив Пловдив), Миленковски (Пелистер)

Локомотив Пловдив:

Колев, Кавдански, Тунчев, Диего, Куанг, Д. Георгиев, Али, Тиманов, Тодоров, Камбуров, Лазаров
Уште играа: Денчев, А. Георгиев, Стамов, Атанасов, Запријанов, Кики, Карапетров, Николов

Пелистер:

Пашовски, Китановски, М. Степановски, Драгарски, К. Степановски, Мојсов, Т. Магловски, Елмазовски, Жуниор, Миленковски, Дуков
Уште играа: Апостоловски, Љамчевски, Марковски, Анастасов, Н. Христов, Ивановиќ, Велевски, Лескароски
                Само 24 часа по мечот со Литекс, избраниците на Драган Бочевски одиграа уште еден компетитивен меч со силен бугарски прволигаш. Локомотив Пловдив одлично го почна мечот и зелените во првите 10 минути имаа многу проблеми да ги сопрат црно-белите. Камбуров во 8 и 12 минита изби пред Пашовски, но капитенот на Пелистер со две интервенции го спаси својот тим. По точно половина час, бугарската екипа имаше нова шанса преку Тимонов, кој биеше од 16 метри по невниманието на Мојсов, но за малку крај голот. Пелистерци воспоставија рамнотежа и во 42 минута ја имаа најзрелата шанса во мечот. Илир Елмазовски го најде Дуков, кој изби сам пред Колев, биеше млако со левата нога и неговиот удар заврши за малку крај дирекот. Само минута подоцна можеше да стигне казната, откако французинот Али од 7-8 метри од свртување го префрли голот од поволна позиција. Второто полувреме почна како и првото со голема зрела шанса за Локомотив Пловдив. Камбуров сега среќно стигна очи в очи со младиот Апостоловски, кој со нога спаси сигурен гол. Две минути подоцна Кирил Степановски одлично изведе слободен удар, но за малку шутираше преку голот. Во 53 минута Петар Љамчевски во празно го проигра Марковски, но Тунчев со интервенција во заден час, спречи голема опасност. Во овој највозбудлив дел од мечот и Лазаров се обиде од слободен удар во 57 минута, но Апостоловски исфрли во корнер. Најубавата акција бугарската екипа ја имаше во 62 минута, кога по неколку кратки паса, топката стигна до Тодоров, кој се обиде да лобува, но го префрли голот на битолчани. Во серијата на замени, темпото опадна и го разжестија само вербалните дуели по неколку остри прекршоци, кои останаа несанкционирани од судиите. Како и првиот меч на турнирот меѓу Монтана и Брегалница и овој пат мрежите мируваа. Бугарскиот второлигаш Монтана во вторник наутро е наредниот противник на Пелистер на турнирот.    
 Тасевски: „Добро организиран Пелистер„

                „Типичен пријателски натпревар, во кој Пелистер добро се бранеше во поголемиот дел од мечот. Се ќе беше поинаку ако постигневме гол во раната фаза од мечот кога имавме свои шанси. Сепак ова беше солиден тест и за нашата екипа и за овој нов, добро организиран Пелистер„ ни рече по средбата од оваа сезона помошникот на Локомотив Пловдив, Жикица Тасевски.
Продлабочена соработката со Литекс

                Бугарскиот клуб Литекс ќе му биде од голема корист на Пелистер. Покрај одличните односи, двата клуба често ќе играат пријателски мечеви, а соработка ќе има и во размена на фудбалери. Така бразилецот Жуниор не е одстапен во Пелистер, туку е во половична сопственост на двата клупа, што е голем капитал за битолчани, бидејќи овој фудбалер е убедливо најскап во македонската прва лига и располага со неспорен квалитет, кој пелистерци веруваат дека ќе го покаже. Жуниор пред заминување на бугарските подготовки го потпиша едногодишниот договор со битолскиот клуб. Пелистер и Литекс се договорија во септември двете екипи да одиграат пријателски меч под Тумбе кафе, во терминот кој е предвиден за репрезентативна пауза. Тогаш битолската публика ќе го поздрави на проштален натпревар Драган Димитровски. 

Нема коментара:

Постави коментар