Powered By Blogger

25. 7. 2013.

Секој натпревар под Тумбе кафе ќе биде спектакл

ДЕНОВИВЕ НА МНОГУ НОВИНИ ВО ФУДБАЛСКА БИТОЛА. И НА ТЕРЕНОТ И НАДВОР ОД НЕГО ПЕЛИСТЕР ПОДГОТВУВА ИЗНЕНАДУВАЊА
 
Деновиве во Битола се кова маркетинг стратегијата за новата натпреварувачка сезона. Се додека единствениот акционер на стадионот под Тумбе кафе - Општина Битола не повлече конкретен потег околу реновирање на целиот објект или само на помалата трибина, спортската структура не може многу да вложува во подобрување на условите.
Но деновиве интензивно се работи на „шминкање„ на стадионот, на чистење на секој простор корисна тревнета површина, која може рационално да биде искористена. Така од 4 август се најавува дека секој меч во Битола ќе биде спектакл. Како никогаш до сега гледачите на стадионот ќе можат да купат пиво, сок, вода и останати освежителни пијалоци од официјалните шанкови на клубот и клубските спонзори. Со ова се отвора нова страница во размислувањата околу менаџирањето со еден професионален клуб. Нешто што насекаде во светот е одамна секојдневие, а кај нас уште е табу-тема.
Илче Петровски нов играч на Кастриоти

                Довчерашниот голман на Пелистер, Илче Петровски од вчера е нов член на албанскиот прволигаш Кастриоти, со кого потпиша договор до крајот на сезоната. Ова е втор албански предизвик на 24 годишниот чувар на мрежата кој во Македонија во два наврати настапуваше за Пелистер, а шест месеци го носеше и дресот на Брегалница од Штип.
Гоновски потпиша за 11 Октомври

                Голманот кој е изданок од школата на Пелистер а не доби шанса во првата екипа на битолскиот клуб, Никола Гоновски во новата сезона ќе го брани голот на прилепскиот второлигаш 11 Октомври. Тој се договори со првите луѓе на овој клуб и најмалку една сезона ќе игра за еден од двата прилепски второлигаши.
Шалевски интересен за неколку прволигаши и второлигаши

                Искусниот 27 годишен централен дефанзивец Зоран Шалевски деновиве инвидуално тренира во Битола и наскоро очекува да го официјализира својот нов клуб. За бившиот фудбалер на Пелистер, Силекс и во последната сезона второлигашот Корзо интерес покажаа неколку клубови од Првата и Втората лига и до крајот на оваа недела ќе биде познат неговиот нов клуб.
Мартин Кузманов на проба во Брондби

                Младиот кадетски репрезентативец на Македонија, Мартин Кузманов деновиве е во Данска на проба во трофејниот дански клуб Брондби. Овој 16 годишен фудбалер заедно со Мартин Мирчевски кој е прекомандуван во сениорската екипа на Пелистер, веќе подолг период се на око на фудбалските скаути, на луѓето во и околу фудбалот, па понудата од Данска не изненадува. Во наредните неколку недели ќе се знае колку е сериозна можноста Кузманов кариерата да ја продолжи во Скандинавија. 

Нема коментара:

Постави коментар