Powered By Blogger

28. 7. 2013.

Најдобриот Пелистер ова лето, баш пред почетокот на сезоната

 ВО ПРВОЛИГАШКИ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ПОКАЖА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД НОВАЈЛИЈАТА МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
Пријателски меч
Пелистер - Македонија Ѓ.П. 3:1 (3:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 500
Стрелци: Алтипармаковски во 5, Миленковски во 25 и Жуниор во 39 минута за Пелистер, а Јанчевски од пенал во 43 минута за Македонија Ѓ.П.
Црвен картон: Китановски (Пелистер) во 76 минута

Пелистер:
Пашовски, Китановски, Драгарски, М. Степановски, К. Степановски, Љамчевски, Мојсов, Елмазовски, Миленковски, Алтипармаковски, Жуниор
Уште играа:
Марковски, Лескароски, Ѓорѓиев, Анастасов, Дуков, А. Вељановски, Велевски, Ивановиќ

                На точно една недела до почетокот на новиот фудбалски шампионат на Македонија, битолски Пелистер и новиот член на елитата Македонија Ѓ.П. го одиграа и последниот тест за двете екипи. И покрај жешкото време на стадионот „Тумбе кафе„ видовме допадливи 90 минути на надигрување на противниците. Домашниот тренер Бочевски се определи за формација со младите Жуниор и Алтипармаковски во нападот и Љамчевски во средниот ред. Уште во 5 минута по акцијата на Филип Миленковски, повратникот од грчкиот Ксанти, Марјан Алтипармаковски го отвори резултатот. Играта на зелените ветуваше, а брзоногиот Миленковски со придодавање од втор план во 25 минута го зголеми резултатот „Лавовите„ останаа без реакција и брзоногиот Жуниор со својата креативност дојде до израз. Неговиот одличен пробив во 35 минута ја измами противничката одбрана и битолската публика го поздрави првиот гол под Тумбе кафе на Стенио Жуниор, втор во дресот на Пелистер по оној со Јагодина (3:0). Убедливото водство ги опушти зелените и во финишот на првиот дел, Китановски стартуваше, според многумина регуларно, но главниот судија покажа на белата точка. Бобан Јанчевски ја реализираше најстрогата казна за почесен гол за Македонија Ѓ.П. Целото второ полувреме мина во послаб ритам на игра, со многу замени и без измени на активните 3:1. За издвојување е непотребниот втор жолт картон и исклучување на Томе Китановски, кој во 76 минута предвреме го заврши натпреварот. Одличен тест и позитивни сигнали за новиот Пелистер на Драган Бочевски пред првенственото деби со Еуромилк наредниот викенд во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар