Powered By Blogger

22. 7. 2013.

Тодоровски ги собра сите медали

НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ПЛИВАЊЕ МАРТИН ТОДОРОВСКИ СЕ ВРАТИ СО ДЕСЕТ МЕДАЛИ
На отворениот олимписки базен “Аеродром“ во Скопје, се одржа државното првенство на Македонија во пливање. Олимпик од Битола настапи со три пливачи и ја продолжи тригодишната низа од успеси. Пливачот на Олимпик Мартин Тодоровски освои дури 10 медали.
Во најбрзите и најатрактивни дисциплини 50 м. слободно и 100 м. слободно, Мартин беше убедливо најбрз и освои златни медали во конкуренцијата постари пионери (14 год.).  Златен медал освои и на најдолгата трка 1.500 м. слободно (конкуренција постари пионери). Сребрени медали освои во дисциплините 200.м. слободно, 400 м. слободно, 800 м. слободно и 400 м. мешано, сите во конкуренција на постари пионери. Збирката медали ја дополни со медалите во конкуренција кадети (16 год.) и тоа бронзени медали во дисциплините 200 м. слободно и 1.500 м. слободно и во конкуренција младинци (18 год.) бронзен медал во дисциплината 1.500 м. слободно. Забележителен настап на првенството имаа и младите Гоце Марковски (2003) и Михаил Петковски (2005), кои ги подобрија личните рекорди на трките на кои пливаа.

Нема коментара:

Постави коментар