Powered By Blogger

19. 7. 2013.

Вака изгледаат новите дресови на Пелистер

ВО НОВАТА СЕЗОНА ПЕЛИСТЕР ВО ДРЕСОВИТЕ НА „ЈАКО„ ПРОМОЦИЈАТА ВО ПРВОТО КОЛ НА ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ                                                                   
Веќе е познато како ќе изгледаат дресовите за сезоната 2013/14 на ФК Пелистер. Зелено-белите новите дресови од компланијата „Јако„ со логото на спонзорот „Пелистерка„ ќе ги промовираат на мечот со Еуромилк во Битола на 4 август.
Претходно клубот ќе изврши официјална презентација, како и интернет претставување.
Победа и Македонија спаринг-партнери наредната недела

                По одигрувањето на мечот со Новаци, битолчани в недела од 17 часот на стадионот „Биљанини извори„ во Охрид ќе одиграат контролен натпревар со Ренова. Токму прволигашот од Џебчиште ќе биде вториот противник на зелените во новата сезона, по мечот со Еуромилк на 4 август. Наредната недела битолската публика на два пати ќе може да го види новиот Пелистер на Драган Бочевски под Тумбе кафе. В четврток пелистерци ја дочекуваат Победа, а в недела на 28 август во Битола гостува Македонија Ѓ.П. на новиот тренер Борче Христов.
Tасевски на одстапка во Победа

                Оние најмладите кои се затворени од поискусните, управата на Пелистер ги праќа на одстапка во второлигашките екипи. По Тони Магловски кој заврши шест месеци во Миравци, младиот напаѓач од младинската академија Александар Тасевски ќе мине половина сезона во прилепска Победа, а планирано е на зима да се врати во матичниот клуб.
Наскоро стартува официјалната веб страна на клубот

                Со почетокот на новата сезона за прв пат на официјален начин ќе започне со работа официјалната веб страна на клубот www.pelisterfc.com. На овој простор љубителите на клубот и зелената боја ќе можат да ги пронајдат сите детали поврзани со клубот, младинската школа и навивачите. Исто така планирани се и преноси од натпреварите на ФК Пелистер и продажба на дресови и останати клубски обележја и сувенири со логото на клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар