Powered By Blogger

29. 7. 2013.

Пелистер најавува насмевки на лицата на своите навивачи

ПО ИГРАТА СО ПОБЕДА И МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ДОБРО ИЗГЛЕДА ПРЕД ПРВЕНСТВЕНОТО ДЕБИ СО ЕУРОМИЛК
Во Битола владее нов бран на еуфорија по формирањето на екипата за новата натпреварувачка сезона и последните партии со Победа и Македонија Ѓ.П. дополнително ја „загреаа„ атмосферата. Вториот дел со прилепскиот второлигаш и првото полувреме со „лавовите„ беа посебно позитивни и тренерот Бочевски со целиот ростер го очекува првото коло и дебито под Тумбе кафе со новиот прволигаш Еуромилк.
Една од најпозитивните вести е одличното враќање во форма на Марјан Алтипармаковски, кој се врати во матичниот клуб од грчкиот прволигаш Ксанти и откако во Бугарија не одигра ни минута, одигра повеќе од солидно на четирите теста во нашата земја „Мислам дека се наоѓаме на вистинскиот пат. Од натпревар во натпревар играме се подобро, а истото се однесува и за мене. Мислам дека како доаѓа стартот на првенството, сите сме мотивирани и физички и ментално спремни за предизвиците кои ги носи дресот на Пелистер. Мислам дека имаме млада, добро селектирана екипа. На последните тестови фунционираме како што стручниот штаб што посакува. Рано е за прогнози, но овој Пелистер ме потсеќа на оној од пред неколку години, кога играше главна улога во македонскиот фудбал. Се надевам дека и на теренот така ќе изгледаме„ ни рече Алтипармаковски. Против Победа и Македонија Ѓ.П. овој фудбалер се најде во нападот на пелистерци заедно со Стенио Жуниор и двајцата одлично фунционираа. Пелистер никогаш немал помлад и поветувачки напад и со двајца фудбалери со меѓународно искуство. А покрај нив тука е искусниот Благојче Марковски и бившиот фудбалер на ОФК Београд и Краснодар, Сашко Дуков, кој исто така се наметнува. Некаде во вториот дел од првенството во офанзивната линија ќе се придодаде Благојче Главевски, кој го започна долгиот процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Оваа недела управата на клубот ќе ги претстави новите дресови со кои пелистерци ќе дебитираат в недела, а исто така предвидено е и официјализирање на клубскиот веб сајт, кој од почетокот на наредниот месец ќе биде достапен за сите навивачи на битолскиот клуб. Деновиве ќе бидат пуштени во оптек и сезонските билети за есенскиот дел од првенството, во кој Пелистер игра 9 домашни натпревари, а поголемиот дел од нив се дерби мечеви: со Вардар, Металург, Хоризонт Турново, Работнички.   

Нема коментара:

Постави коментар