Powered By Blogger

15. 7. 2013.

Тосковски и Митевски во Аполдер во Германија

ДВАЈЦА РАКОМЕТАРИ НА ПЕЛИСТЕР СЕ СЕЛАТ ВО ТРЕТАТА ГЕРМАНСКА ЛИГА
Двајца ракометари од искусната гарнитура на Пелистер се одлучија да го прифатат предизвикот и да заминат во странство. Голманот и долги години капитенот на зелените Игор Тоскоски и крилото Васил Митевски потпишаа договор со германскиот третолигаш Аполдер крај Дрезден.
Двајцата се задоволни од ангажманот и на 2 август треба да се јават на подготовки со новата екипа. Амибициите на Аполдер пораснаа по ангажманот и на еден романски и чешки ракометар и на три ракометари од Втората Бундеслига. Подготовките за новата сезона Тоскоски и Митевски со екипата ќе ги реализираат во унгарското место Балатон. Двајцата не заборавија да им се заблагодарат на клубската управ,а која им излезе во пресрет и покрај веќе потпишаниот договор со Пелистер за новата сезона 2013/14.

Нема коментара:

Постави коментар