Powered By Blogger

30. 7. 2013.

Пелистер потпиша со Риад Демиќ

СО ЗАСИЛУВАЊЕ ОД БиХ, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ГО ЗАТВОРИ ПРЕОДНИОТ РОК И Е СПРЕМЕН ЗА ПРВЕНСТВЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
На неколку дена до почетокот на новиот фудбалски шампионат на Македонија, битолски Пелистер доведе уште едно засилување во својот ростер. Се работи за 24 годишниот Риад Демиќ кој доаѓа од БиХ, но во последната сезона настапуваше во Иран за екипата Алуминуим Хормозган.
Се работи за поливалентен фудбалер од средниот ред, кој е роден во Мостар и поникнал во школата на Вележ. Три сезони настапуваше за својот матичен клуб и беше еден од најдобрите фудбалери.
Во тој период 5 пати настапуваше и за младата репрезентација на БиХ. Два шампионати мина во Иран и сега како слободен фудбалер му пристапува на Пелистер. Демиќ располага со силен шут и често во БиХ беше стрелец за Вележ и долг период е омилен меѓу навивачите на оваа екипа, заради серијата на добри партии и голови во дерби средбите.

Нема коментара:

Постави коментар