Powered By Blogger

29. 7. 2013.

Ветарaните на Пелистер не стареат

ПО ПОВОД РОДЕНДЕНОТ НА КАРАОРМАН, ЛЕГЕНДИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОДИГРАА РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР
Ветераните на Пелистер го збогатија 90 роденден на ФК Караорман во Струга и одиграа ревијален меч со славеникот. Зелено-белите славеа со 4:2, како и во најдобрите денови на овие фудбалски асови. Караорман најголем успех забележа во сезоната 1957/1958, кога по победа над Брегалница на пенали 7:6 ја освои шампионската титула на Македонија.
Од осамостојувањето, „црвените“ значаен успех имаат во 2002 година, кога во полуфиналето во Купот на Македонија беа елиминирани од Пелистер, кој подоцна го освои трофејот. Караорман е формиран во далечната 1923 година под името Црн Дрим. Седум години подоцна клубот го менува името во Југославија, а во 1945 година струшкиот фудбалски бисер го добива името Караорман, кое го носи и денес. Амбасадори на струшкиот клуб и фудбал се поранешни и активни репрезентативци на Македонија, и тоа Артим Шаќири, Игор Митрески, Величе Шумуликоски, Артим Положани, Горан Миноски, Фламур Таири...

Нема коментара:

Постави коментар