Powered By Blogger

10. 7. 2013.

Наместо со Брегалница, тест со Јагодина

ИЗМЕНА ВО ПЛАНОТ И ИМЕТО НА ПРОТИВНИКОТ НА ПЕЛИСТЕР ВО БУГАРСКИОТ БАНСКО
Во последен момент, македонскиот прволигаш Брегалница го откажа последниот натпревар од „Пири купот„ и пелистерци мораа да побараат алтернатива за последната контрола во Банско. Експресно ја пронајдоа во веројатно најквалитетната екипа, која се наоѓа на подготовки во овој бугарски зимски центар, победникот на српскиот Куп, Јагодина.
Оваа екипа засилено се подготвува за европските натпревари и ги доби сите натпревари во Бугарија. Нов силен тест за избраниците на Драган Бочевски по мечевите со Литекс и Локомотив Пловдив. По двата тренинга во средата, Пелистер од 18:00 часот ќе ги „вкрсти копјата„ со една од најсилните српски екипи.
Кирил Георгиев можно ново засилување од Бугарија?

                Младиот 19 годишен фудбалер на врска Кирил Георгиев најверојатно ќе го следи примерот на Николај Христов и ќе го засили Пелистер во сезоната 2013/14. Се работи за младо момче кое игра во средниот ред, а минатата сезона настапуваше во бугарскиот второлигаш Септември Симитли. Георгиев веќе неколку дена тренира со екипата и можно е да добие шанса на мечот со Јагодина.
Ристевски го извади гипсот, наскоро ја почнува рехабилитацијата

                Капитенот на Пелистер Димче Ристевски минува низ втората фаза на опоравување од тешката повреда и операцијата на ахиловата тетива по мечот со Шкендија во април. Тој по најнивата контрола за еден месец би требало да започне со тренинзи, но за враќање во склоп на екипата, навивачите на Пелистер ќе мора да почекаат до подготовките за пролетниот дел на првенството.

Нема коментара:

Постави коментар