Powered By Blogger

12. 7. 2013.

Против Јагодина, првите знаци за новиот Пелистер

ПРЕД КРАЈОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ПЕЛИСТЕР ГИ ДОБИ ПРВИТЕ СИГНАЛИ КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ВО НОВИОТ ШАМПИОНАТ
Уште два дена Пелистер ќе биде во Банско на своите базични подготовки за новата сезона. Денес тренерот Драган Бочевски им даде слободен ден на фудбалерите по шест тренинзи и три меча во овој бугарски планински спортски центар. Ако на тоа се додаде и мечот во Тетевен со Литекс, пелистерци во целост ја остварија планираната програма која ја предвидоа.
В сабота и в недела со двојна тренинг сесија Бочевски ќе го комплетира процесот на подготовка, а в недела навечер „зелената„ експедиција се враќа за Битола. Предвидени се два слободни дена, а прв пат битолската публика новиот Пелистер ќе може да го види в четврток во Новаци на контролниот натпревар со истоимениот второлигаш. Тренерот Бочевски беше видно задоволен од сработеното „Ако вака продолжиме сите заедно сме на вистински пат. Задоволен сум од фудбалерите, од нивниот ангажман, дисциплината, од условите кои ги имаме тука. Иако резултатите не се во преден план, сепак годи кога ќе победиш, посебно квалитетен тим како Јагодина„ вели охриѓанецот. Пелистер го одигра својот најкомплетен меч во Бугарија токму против србите и не само заради резултатот, туку и заради начинот на кој се дојде до него. Со авторитетен пристап и игра која Пелистер треба да ја негува во домашното првенство. Токму од тука треба Бочевски да ја надогради формата на екипата. 
Простор за напредок сеуште постои, посебно по враќањето во полна форма на Марјан Алтипармаковски, а подоцна во шампионатот и со кам-бекот по повредите на Ристевски и Главевски. Сите во кулоарите околу Пелистер се пријатно изненадени од бразилецот Стенио Жуниор. По првите четири мечеви во кои тој беше еден од оние со најголема минутажа, бразилецот потврди дека е категорија над македонскиот фудбалски просек. Стенио Жуниор од Литекс дојде во полн тренажен процес и веднаш се вклопи во екипата и дури изненадувачки добро одигра на 2-3 места во нападот и по страничните позиции. Битолчани се присеќаат на Мачадо Жуниор и Адријано Миранда кои пред пет години дојдоа од Литекс и оставија трага само по една сезона во Битола. Надежта е дека и Стенио Жуниор е на добар пат, то да го повтори.

Нема коментара:

Постави коментар