Powered By Blogger

21. 7. 2013.

РK Пелистер се засили со французинот Риве

ПРВО НОВО ИМЕ ВО РК ПЕЛИСТЕР ВО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
 
Ракометниот тим на Пелистер го ангажираше во своите редови французинот, Даниел Риве. Се работи за ракометар кој има прволигашко искуство во француската лига и игра на позицијата среден бек, со што воедно Филип Чурлевски ќе добие конкуренција на тоа место.
Битолчани моментално како што не информираат преговараат со уште двајца до тројца ракометари со кои Пелистер би се засилил и би бил поконкурентен тим за повисок пласман на табелата. Екипата во меѓувреме ја напуштија Игор Тоскоски и Васил Митевски кои заминуваат во Германија, а што се однесува до гласините дека РК Пелистер ќе настапи во Челинџ Купот тие велат дека сеуште до нив нема пристигнато покана за учество во ова натпреварување.

Нема коментара:

Постави коментар