Powered By Blogger

12. 7. 2013.

Пивковски во Новара за добредојде погоди против Милан

МАКЕДОНЕЦ СО ШВЕДСКИ ПАСОШ ГО ЗАСИЛИ НАПАДОТ НА НОВАРА И БЛЕСНА НА ДЕБИТО ПРОТИВ МИЛАН
 
Малкумина знаат дека Пандев и Стефан Ристевски не се единствените македонци кои играат во Италија. Од пред некој месец во италијанскито второлигаш Новара потпиша 19 годишниот Филип Пивковски, кој по потекло е од Битола, но поникна во школата на Малме и настапува за сите младински селекции на Шведска.
Имено напаѓачот кој ги собори сите рекорди по бројот на голови во младинските категории на Малме и шведската репрезентација потпиша двегодишен договор со Новара со опција за трета сезона ако двете страни бидат задоволни. Пивковски по епизодата во Малме, беше забележан од Блекбурн, каде соработуваше со Пол Инс и Сем Алардајс, но најчесто играше за младинската екипа. Подоцна Блекбурн го одстапи во данскиот Нордсјеланд, со кого Пивковски стана првак на оваа земја, но по шест месеци го купи шведскиот прволигаш Хакен. По истекот на договорот со оваа екипа, Новара беше најупорна во конкуренција на Пескара и неколку други италијански екипи од првата и втората лига и го доведе. Само три дена по потписот Пивковски го предводеше нападот на оваа екипа на тест меч со комбинирана екипа на Милан и веднаш блесна со гол и асистенција. Деновиве Пивковски тренира инвидуално во Битола и од понеделник ќе се приклучи на стартот на подготовките на амбициозниот италијански второлигаш Новара. Тој наскоро ќе добие македонски пасош и доколку добие повик сеуште може да игра во земјата на неговите родители и покрај настапите во младинските категории за Шведска. 

Нема коментара:

Постави коментар