Powered By Blogger

12. 7. 2013.

Второ и трето место за КК„Младост„ на турнирот во Барселона

НОВ МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА КК МЛАДОСТ. ОВОЈ ПАТ БЛЕСОК СРЕД КАТАЛОНИЈА
Во периодот од 28-30 јуни младите кошаркари и кошаркарки на Младост  учествуваа на Третиот меѓународен кошаркарски турнир „Барселона Баскетбал Куп 2013“ кој што се одржа во спортскиот комплекс „Марбела“ во Барселона.
На турнирот учествуваа 50-тина екипи од повеќе земји (Швајцарија, Франција, Шведска, Данска, Израел, Русија, Турција, Македонија и Шпанија) кои беа поделени во 5 категории. Нашиот клуб учествуваше во три од нив.  Најголем успех постигна женската екипа -девојчиња родени 1999/2000, која го освои второто место во конкуренција на осум екипи. Екипата пристигна во финалето со четири убедливи победи, но тука наиде на расположената шпанска екипа „Келс колеџ“ од Сантандер, чии што играчи во финалето не знаеа да погрешат. Екипата „микс-момчиња и девојчиња“ родени 2001/2002 го освои третото место на овој турнир зад француските екипи „Тулуз“ и „Кастелано“, а додека екипата - момчиња родени 1999/2000 го освои осмото место во својата категорија. Турнирот беше одлично организиран од страна на Кошаркарската федерација на Каталонија и ентузијастите од „Барселона Куп“, а за сите учесници беа обезбедени медали и пригодни пехариНавистина не очекував толку добри резултати на овој турнир. Децата максимално се ангажираа и успеаа да победат и далеку пореномирани екипи. Се надевавме на победа и во женското финале, но наидовме на навистина расположен противник. Прикажавме одлична игра, но генерално земено малку фалеше за повисок пласман во сите категории. Честитки до сите играчи и благодарност до луѓето кои го помогнаа ова наше патување и учество на турниротни изјави по пристигнувањето претседателот и тренер Горјан Стојановски.

Нема коментара:

Постави коментар