Powered By Blogger

18. 7. 2013.

Тони Магловски на одстапка во Миравци

ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ПЕЛИСТЕР ГО ПРАТИ НА ОДСТАПКА МЛАДИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ТОНИ МАГЛОВСКИ
Младиот дефанзивец на Пелистер Тони Магловски од денес е нов член на амбициозниот второлигаш Миравци, каде тренер е битолчанецот Зоран Штерјовски. Младиот 20 годишен централен одбранбен фудбалер замина по драгоцено искуство на истокот од нашата земја, откако ги мина подготовките со Пелистер во Бугарија.
Во договор помеѓу двете управи беше констатирано дека покрај Драгарски, Менде Степановски, Лескароски и Кирил Степановски, младиот фудбалер ќе биде „затворен„ и нема да има доволно минути во нозете. Токму таа минутажа ќе ја пронајде во амбициозниот клуб, кој во новата сезона своите натпревари ќе ги игра во Гевгелија. Планирано е на зима Тони Магловски да се врати во матичниот клуб со драгоцено искуство од Втората лига. 
Реми против Металург на првиот првенствен ривал на Пелистер

Актуелниот вицешампион Металург и новиот прволигаш Еуромилк одиграа мирољубиво, 1-1, во пријателски дуел попладнево на теренот во Марино. Поискусниот тим според прволигашкиот стаж, Металург, поведе со голот на ветеранот Миле Крстев во 70 минута, а израмни Филип Колеќевски во самиот финиш, во 86 минута. Поради груб старт, во првиот дел е исклучен Марко Костенцовски од Еуромилк, кој е поранешен член на Металург.Двата тима се подготвуваат за новата сезона што ќе почне на 4 август, за кога е закажан стартот на 22-от шампионат на Македонија. Металург ќе има премиера против Работнички, а Еуромилк историскиот прв меч во прволигашкото друштво ќе го игра во Битола против Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар