Powered By Blogger

13. 7. 2013.

Главевски успешно опериран, од вторник ја почнува рехабилитацијата

ИСКУСНИОТ НАПАЃАЧ УСПЕШНО ОПЕРИРАН ВО СКОПЈЕ ПО ПОВРЕДАТА НА КОЛЕНОТО
 
Несреќниот напаѓач на Пелистер, Благојче Главевски пред неколку дена успешно е опериран на коленото и уште неколку дена ќе биде во скопската болница, а од вторник се враќа во Битола и ќе го почне процесот на рехабилитација.
Сличен малер напаѓачот го снајде и пред неколку години, кога како играч на Шкендија ги скина лигаментите на коленото и паузираше цела една година. Битолчани му даваат максимална подршка на голгетерот и веруваат дека на пролет ќе му биде од голема помош на новосоздадениот тим воден од Драган Бочевски. Докторите не одат со детални прогнози околу периодот на рехабилитација, но првите тренинзи Главевски треба да ги започне во периодот меѓу октомври и ноември.
Ренова најверојатен втор спаринг партнер во Македонија?

По враќањето од Бугарија, пелистерци го дефинираа првиот од четирите противници во нашата земја во периодот до почетокот на првенството. Со Новаци ќе играат в четврток попладне и тоа на теренот на второлигашот. Се знае дека на 25 јули спаринг партнер ќе биде прилепска победа во третиот тест. Двата прволигаши со кои Пелистер ќе игра на 21 и 28 јули ќе бидат дефинирани во вторник по ждрепката за новиот шампионат. Сепак скоро сигурно на 21 јули во Охрид, Пелистер во вториот домашен пријателски меч ќе игра со Ренова.   

Нема коментара:

Постави коментар