Powered By Blogger

18. 7. 2013.

Новаци „тврд орев„ се до самиот финиш

ПОДМЛАДЕНИОТ ТИМ НА ПЕЛИСТЕР ВО ФИНИШОТ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ДОБРО ОРГАНИЗИРАНИОТ НОВАЦИ
Пријателски меч
Новаци - Пелистер 1:2 (1:0)

Стадион во Новаци. Гледачи: 100
Судии: Стојановски, Дренковски и Ралевски (сите од Битола)
Стрелци: Котевски во 36 минута за Новаци, Мирчевски во 84 и Трајковски во б7 минута за Пелистер
Жолти картони: Котевски и Ѓорговски (Новаци)
Црвени картони: нема

Новаци:
Симоновски, Котевски, Соклевски, Гроздановски, Јанкуловски, Ристевски, Ѓорѓиевски, Јовановски, Рамадан, А. Крстевски, Таралиевски
Уште играа: Ѓорговски, Димовски, Петровски, Ставревски, Г. Крстевски

Пелистер:
Апостоловски, Вељановски, Х. Атанасовски, Лескароски, Ивановиќ, Велевски, Љамчевски, Анастасов, Георгиев, Алтипармаковски, Дуков
Уште играа: Д. Атанасовски, Мирчевски, Стојковски, Трајковски
                Во петтиот контролен натпревар во предсезоната, стручниот штаб на пелистерци се определи за комплетно подмладување на тимот кој настапи во Новаци, додека таканаречените стартери во истиот термин одработуваа тренинг под Тумбе кафе. Така младата екипа на Пелистер, иако долго време ја имаше топката во нозете, тешко го наоѓаше патот до мрежата на Симоновски. Прв се закани Александар Вељановски од дистанца во 19 минута, но Симоновски ја исфрли топката во корнер. Две минути подоцна по акцијата на Алтипармаковски, од волеј биеше Анастасов, но пак надвор од рамката на голот. По единственото недоразбирање на домашната одбрана и на голманот Апостоловски, од втор план се придодаде Котевски и ја втурна топката во празната мрежа. Така во 36 минута второлигашот поведе. Реакцијата на пелистерци беше изразена во слободниот удар на Љамчевски од мртов агол во 40 и акцијата на Дуков и Алтипармаковси во 47 минута, но дијагоналата на повратникот од Грција заврши за малку крај левиот домашен дирек. Иницијативата на битолчани стана сепоизразена, најмногу заради подобрата физичка подготвеност. Ивановиќ во 53 минута биеше во блокот од поволна позиција, а во 57 минута по центаршутот на Вељановски, напаѓачот Сашко Дуков ја погоди пречката. Влегувањата на најмладите Мирчевски, Трајковски и Стојковски му даде „нова крв„ на прволигашот и видливо беше дека само прашање на време е кога ќе падне израмнувачки гол. 16 годишниот Мирчевски со смиреност на ветеран ја поведе својата екипа кон пресврт. Најнапред неговиот удар во 70 минута „жолтите„ го изблокираа, па во 78 минута на додавање на Трајковски, кавадарчанецот Дуков од 5-6 метри го префрли голот. Конечно во 84 минута Мирчевски започна една ветувачка акција, Вељановски биеше од десната страна, голманот на новачани одби, а најмладиот на теренот Мирчевски го постигна својот прв гол за сениорската екипа. Во налет пелистерци четири минути подоцна го комплетираа пресвртот. Дејан Велевски во празно го најде Трајковски, овој го мина домашниот голман и ја втурна топката во празната мрежа. Тешко издвојувана победа на младата екипа на Пелистер против жилавиот Новаци на Горан Ставревски. Следниот тест за зелените е в недела во Охрид со Ренова. 

Нема коментара:

Постави коментар