Powered By Blogger

22. 7. 2013.

Добра презентација на битолските мото-крос возачи

НА ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ МОТО-ШАМПИОНАТ ВО СРБИЈА, БОРЧЕ КОСТОВ ШЕСТОПЛАСИРАН
Македонската мото репрезентација учествуваше на Источно-европскиот шампионат во мото-крос, а најголем броj учесници беа од Битола. Најдобар пласман имаше Борче Костов од ЛТД на шестото место, а Гоце Томовски беше деветтопласиран, Лука Ристевски на деветтото место, Адријан Ристевски исто така на деветтото место, а Христијан Станковиќ на десеттото место.
Имав одличен настап во Србија, во Крушевац, каде во мошне силна конкуренција го освоив шестото место. На овој шампионат во Србија имаше повеќе од стотина мото-кросисти, а можам да кажам дека најголем број од нив беа далеку пред нас во однос на опремата и условите за тренинг. Сега продолжуваме со трките од Источно- европскиот шамионат. Поради неучеството на овие трки јас и останатите немаше шанса да имаме висок пласман, иако ако настапевме сигурно ќе бев меѓу првите тројца во Источна Европа во конкуренција МХ2 ни рече Борче Костов, кој најверојатно ќе ја пропушти и наредната трка во Босна и Херцеговина поради немање финансии.

Нема коментара:

Постави коментар