Powered By Blogger

21. 7. 2013.

Финишот кобен за пелистерци

СО ДВА ГОЛА ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ОД РЕНОВА ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО ОХРИД
Пријателски меч
Пелистер - Ренова 0:2 (0:0)

Стадион: „Биљанини извори„ - Охрид. Гледачи: 100
Главен судија: Tоде Блажевски
Асистенти: Златко Стојановски и Влатко Дренковски (сите од Битола)
Стрелци: во Емини 82 и Максути 87 минута за Ренова
Жолт картон: Китановски (Пелистер)
Црвен картон: Китановски (Пелистер)

Пелистер:
Пашовски, Китановски, Драгарски, М. Степановски, К. Степановски, Христов, Мојсов, Елмазовски, Миленковски, Жуниор, Марковски
Уште играа: Алтипармаковски, Велевски, А. Вељановски, Дуков, Лескароски, Мирчевски, Љамчевски

Ренова:
Зендели, Незири, Мемеди, Муслуи, Ристов, Нухиу, Садики, Идризи, Емини, Гафури, Сали
Уште играа: Симовски, Велија, Абдула, Ерблин, Каличи, Максути


                Во добар фудбалски амбиент во Охрид, старите познаници Пелистер и Ренова одиграа тврд контролен натпревар, кој беше најдобра најава за меѓусебниот меч уште во второто коло. Двата тренери ништо не криеа и ги извадија најсилните состави. Првиот дел мина во тврда игра, надигривање меѓу два шеснаесетника и малку зрели шанси. Во одсуство на простор, ударите од далечина беа опција за двете екипи. Така Мојсов за пелистерци во 11 и Ристов за „гипсарите„ во 21 минута се заканија. Најдобрата акција на избраниците на Бочевски ја имаше брзоногиот Филип Миленковски, кој во 29 минута не го направи одлучувачкиот исчекор и наместо да избие сам пред Зендели, шансата пропадна. Во второто полувреме, пелистерци имаа нешто повеќе од играта, посебно по влегувањето во игра на Алтипармаковски и Велевски. Токму повратникот од Ксанти во 71 минута ја имаше најзрелата шанса. Имено по акцијата на Стенио Жуниор, младиот напаѓач Алтипармаковски изби сам пред Зендели и од 6-7 метри од поволна позиција шутираше над голот. Во меч во кој немаше зрели шанси, оваа огромна можност пелистерци не ја искористија. Сепак во последните 15 минути со серијата на замени, темпото на средбата опадна и тоа го искористија фудбалерите на Ренова. На осум минути до крајот по една акција по десната страна, Сали беше срушен од Кирил Степановски и главниот судија Блажевски покажа на белата точка. Најстрогата казна и ударот на Емини, голманот Пашовски го одбрани, но одбиената топка пак дојде до изведувачот и Емини го отвори резултатот. Пет минути подоцна по една збркана акција во казнениот простор на битолчани, не беше расчистена опасноста и резервистот Максути од неколки метри ја втурна топката во мрежата. Во судиското надополнување заради недолично однесување Томе Китановски беше исклучен. Добар тест за двете екипи на две недели до почетокот на мечевите за бодови и на три недели до меѓусебниот дуел на двете екипи во Тетово.

Нема коментара:

Постави коментар